Спортската балон сала која беше поставена во дворот на ООУ “Гоце Делчев” во Прилеп заврши на депонија?
Објектот кој одлично се вклопуваше во спортскиот комплекс на ова училиште, според фотографиите кои ги добивме од наш читател, е фрлен во депонија кај месноста “Песјобрдце”.
Претходната локална власт во Прилеп, во ова училиште изгради мултинаменско спортско игралиште, ја реновираше постојаната спортска сала и постави балон сала, а училиштето доби и тениско игралиште од Агенцијата за млади и спорт.
Новите локални власти наместо да инвестираат во дополнителни спортски објекти, ги рушат и постојаните. Иако ветуваа дека на местото од оваа балон сала ќе никне нов објект, наместо тоа денеска има празен простор.
Еве како изгледаше претходно спортскиот комлекс во ООУ “Гоце Делчев”: