“По средбата со лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, заклучивме дека бојкотот на исклучително важните претседателски избори не е решение. Зборувавме и за Преспанскиот договор и правните механизми кои му стојат на располагање на претседателот за ова прашање. Искрено се надевам дека ќе ја добијам поддршката од нив на 5ти Мај”, напиша Сиљановска на Фејсбук.