Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто разговарал телефонски со македонскиот министер Никола Димитров.
Сијарто на Димитров му порачал дека прашањето за барањето на азил од страна на Никола Груевски во Унгарија “е правно прашање, а не политичко”.
Тој додал дека унгарските власти ќе ја проценат апликацијата целосно во согласност со релевантните меѓународни регулативи”, се додава во соопштението на кабинетот на Сијарто.