Иако веќе 3 години е разведен со сопругата од Центарот за социјални работи од Прилеп не му даваат решение кога може да го гледа своето дете, јавува Сител во сторијата на телевизизскиот дописник од Прилеп.
Голготата на прилeпчанецот Сашо Ѓелев започнува во 2016 година кога според него бил изигран од неговата сопруга да се потпише на документ за пасош дека детето мора да оди на лекување во Србија, а сопругата од Србија практично бега со детето во Црна Гора и не се враќа повеќе.
„Значи година и половина помина, јас го немав видено своето дете нииту пак неа. А во меѓувреме одев во Центарот за социјална работа и барав средби и тие ме известуваа дека неможеле да ја најдат, ми виикаа јас да им н ајдам нејзина адреса. Јас појдов во полиција, тие ми рекоа да одам во Центарот и така ме шетаа од врата на врата, незнаев што да правам“, вели Ѓелев.
Целата сторија погледнете ја ТУКА