СИТЕ САКААТ ДА ГО ВИДАТ ПУТИН: Рекорден број новинари ќе ја следат новогодишната прес конференција на Владимир Путин

За најавената традиционална годишна прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин, закажана за 20 декември, има пријавено рекорден број новинари од руските медиуми, но и известувачи од странство.

Списокот е објавен на веб-страницата на Кремљ и брои повеќе од минатогодишниот рекорд, кој изнесуваше 1.640 претставници на медиумите

На првата таква прес-конференција на Путин во 2001 година имаше преку 500 новинари и оттогаш бројот на присутните постојано се зголемува.

На прес-конференциите за време на третиот претседателски мандат на Путин, бројот на новинари се движеше околу 1.250.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.