За подготовка на овој едноставен рецепт не треба многу време. Проверете зошто за само неколку дена „пицата во чаша“ стана најбаран рецепт на Интернет. Потробни ви се само неколку минути и микробранова печка.
Сосотојки:
4 лажици брашно
сол
1 пакетче прашак за пециво
1 пакетле сода бикарбона
3 лажици млеко
1 лажица масилново или сончогледово масло
1 лажица сос од домати
неколку парчиња салама или чајна – по ваш избор
оригано или некој зачин кој вие го сакаате
Подготовка:
Во голем филџан ставете го брашното потоа додаете го пецивото, тоа добро измешајте го. Потоа додаете го млекото и маслото, повторно измешајте и тестото е готово.
Подлогата намачкајте ја со сосот од домати, па над неко ставете кашкавал. Потоа наредете ја саламата или чајната и сето тоа зачинете со оригано.
Подготвената пица ставете ја во микробранова и печете ја неколку минути.