Сите одиме во Охрид, а не знаеме што пропyштаме на само 13км до гpaдот: Xpaмот Св. Никола е вистински paj кој мора да се пoceти (Фото галерија)

Опеница е село во Општина Охрид кое се наоѓа пред селото Косел од левата страна на патот Ресен-Охрид.

Селото е ридско, на надморска височина од 770 метри, а од градот е оддалечено само 13 километри.

Moжеби сте го забележале, а можеби не, но прекрасниот црковен храм Св. Никола сигурно ќе биде магнет да го посетите на патот кон Охрид.

Според официјални податоци црквата била изградена во 1924 година, но постои и легенда кој вели поинаку.

Според таа легенда црквата била најпрво изградена во XIX век, од страна на татко чие дете било спасено од давење во селската Коселска Река.

Црквата поседувала стар фрескоживопис, кој исчезнал низ времето. Во 2005 година бил изработен нов фрескоживопис од страна на уметникот Драган Ристески од градот Охрид.

Дури во 2008 година црковниот храм Св. Никола бил осветен.

Навистина едно прекрасно и живописно место кое веруваме одсега ќе биде ваша редовна дестинација до Охрид.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.