СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД 2016

13267970_10154215284828637_7039220373765710863_n

Велосипедски клуб & Сервис “ИЛИНДЕН“, Сојузот на училишен спорт на oпштина Прилеп, под покровителство на општина Прилеп и општина Кривогаштани, во соработка со Велосипедска Федерација на Македонија, на 24 мај 2016 година (вторник), ве покануваат на најстарата и најмасовната велосипедска манифестација на територија на Прилепската општина.

Патеката традиционално е до спортскиот аеродром во с. Мало Коњари, а годинава покрај прилепчани свое учество ќе земат и жителите на општина Кривогаштани.

Собирањето е од 11.30 часот во Прилеп на булевар Гоце Делчев (пред реклами) и во истото време пред општина Кривогаштани.

Стартот на рекреативното возење е закажан од 12.00 часот.

После пристигнувањето на спортскиот аеродром во с. Мало Коњари, каде е обезбедено освежување и закуска за сите учесници, ќе се доделат наградите за најмлад и најстар учесник, овој пат од двете групи. После кратка пауза за одмор двете групи организирано се враќаат на местото на стартот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.