Во паркот пред Основниот суд во Прилеп, денеска беше подигнато спомен обележје во чест на прерано загинатиот припадник на безбедносните сили “Тигри”, Ненад Серафимоски, кој животот го загуби за време на настаните во кумановско “Диво насеље” во 2015 година.
Споменикот беше подигнат по иницијатива на неговото семејство, а Ненад по мајка потекнува токму од Прилеп.
28-годишниот херој доби достојно спомен обележје кое ќе биде вечен паметник за неговото херојско дело за одбрана на татковината од терористите на тој кобен 9-ти мај 2015 година.