Сириец веќе 7 месеци патува на коњ од Дамаск до Москва, а има само една цел (ВИДЕО)

Сириецот Аднан Азам девет месеци патува на коњ од Дамаск во Москва за да му се заблагодари на рускиот народ за поддршката која ја добива неговата земја во војната. Азам сака на Путин да му подари чистокрвен арапски коњ.

Во април годинава Азам тргнал на коњ кон Москва. Патувал преку Багдад и Техеран, земји кои исто така и дадоа поддршка на Сирија за време на војната.

„Поминав на коњ повеќе од 6000 километри. Ги посетив Багдад, Техеран, а во Русија Дагестан, Чеченија, потоа Ростов Воронјеж, а мислам дека на 15 јануари следната година ќе стигнам во Москва“, изјавил Азам.

Тој вели дека тешко ги совладувал јазичките бариери, како и тоа да најде преноќиште. Се случувало да наиде на гостољубиви домаќини кои го примиле дома, но имало и ноќи кога бил принуден да спие на улица.

Азам планира кога ќе ја заврши мисијата, да се врати во Сирија и да сними документарен филм за неговиот пат. Ова не му е прво патување. Пред 30 години Азам на коњ, од Сирија патувал о САД, каде се сретнал со претседателот Роналд Реган.

„Правам сè што можам за да стигнам до Москва, каде сакам во името на сите Сиријци да му се заблагодаран на рускиот народ и на Путин да му подарам арапски коњ. Тоа за нас е најдрагоцениот подарок“, изјавил Азам и објаснил дека коњот за Сиријците е симбол на победата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.