Познатиот бизнисмен Роберт Холо, сопственик на “Холофарм”, и фабриката за производство на биогорива, убиен е вчера при обид да им помогне на нападнатите соседи. Имено, српските медиуми пренесоа дека поранешниот полицаец слушнал врева и врисоци од куќата на соседите, па веднаш притрчал на помош.
– Мојот татко е поранешен полицаец и отиде веднаш да помогне и да види што се случува. Штом ја отворил вратата, крадецот кој ги нападнал соседите, пукал во него, вели неговиот син.
Полицијата трага по убиецот кој ја убил и несреќната сосетка.