“Синоќа навалица на Северномакедонци од Прилеп во Битола?!” (ФОТО)

Донесоа луѓе со автобуси во Битола, а сепак држеа говори пред мал број на граѓани.

Неуспешен беше и синоќешниот настан од кампањата со која Владата и СДСМ сакаат да ги убедат граѓаните дека на рефрендум треба да ја поддржат промената на уставното име на нашата држава.

Со слаба посетеност, Заев се соочи и во Битола.

ТВ 21 пренесува дека автобисуте биле сместени на паркингот пред спортската сала „Боро Чурлевски”, а од фотографиите се гледа дека тие се од прилепска превозна компанија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.