МПЦ контра Заев и неговата антидржавна политика за промена на името на Република Македонија, застанува во одбрана на името на државата. Синодот апелира до државните институции да го зачуваат Уставот на Република Македонија, уставното име, идентитетот, јазикот и унитарниот карактер на државата.
Имено со одлука на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ од 2017 година објавена во службениот весник на нашата православна црква е донесена одлука со која МПЦ застанува во одбрана на името на државатаа, нејзиниот идентитет, јазик и унитарноста на Република Македонија.
Од МПЦ нотираат дека ги реафирмираат досегашните непроменливи ставови, а кој се однесуваата на непроменливост на уставното име на Република Македонија, уставната позиција на македонскиот јазик, унитарниот карактер на Република Македонија, како и да не се отстапува од македонскиот национален идентитет.
Ваквиот став на МПЦ е во целосна кохезија со македонските национални интереси и спротивно на политиката на владата на Република Македонија, која го турка капитулантскиот договор за промена на името на Република Македонија.