Ракот на простатата е еден од најчестите облици на карцином кој ги погаѓа мажите, а последните години постојат се повеќе пациенти на кои им се дијагностицира оваа подмолна болест.
Еден од осум мажи за време на животот заболува од оваа болест која особено ги погаѓа мажите постари од 50 години, а ризикот со текот на годините се зголемува. Ракот ја погаѓа малата жлезда која се наоѓа во близина на карлицата и произведува течност која се меша со спермата и се исфрла при ејакулација.
Просекот на години кога на мажите им се дијагностицира оваа болест е помеѓу 65 и 69 години. Но, постои ризик и кај оние кои се помлади од 50 години.
Овој месец е посветен на подигнувањето на свеста за овој облик на заболување и лекарите предупредуваат дека симптомите на рак на простатата се видливи уште во раните години. Мажите кои во 20-тите години од животот започнале да ја губат косата имаат два пати повеќе шанси да заболат од овој карцином.
Не значи дека сите мажи кои ги имаат овие симптоми ќе добијат и рак на простатата, но ова се најчестите:
1.зачестено уринирање, особено во ноќта;
2.неможност да се воздржите додека одите во тоалет;
3.потешкотии на почетокот од мокрењето;
4.долго уринирање;
5.слаб млаз на урината;
6.чувство дека бешиката не ви е целосно празна;
7.крв во урината или спермата.
Овие симптоми не мора да потсетуваат веднаш на карцином! Кај некои луѓе простатата со време се зголемува поради староста и тоа не значи веднаш рак, туку состојба која се нарекува зголемена простата. Покрај овие, симптоми можат да бидат и намаленото либидо, губењето на апетит и чешање по телото.