Симеоне ги шокираше навивачите на Атлетико по тешкиот пораз!

colo-640x360

Диего Симеоне не го криеше големото разочарување по вториот пораз од Реал Мадрид во финалињата на ЛШ. Популарниот Чоло по мечот истакна дека ќе треба добро да размисли дали ќе остане тренер на Атлетико по овој тежок удар.

– За вицешампионот не се сеќава никој. Губењето на две финалиња од Реал е голем неуспех, но мора да се прифати фактот и да се обидеме да ги покриеме раните. Тој што победува, на крајот испаѓа дека бил подобар. Тоа беше Реал Мадрид. Ова е момент кога мора да размислам што понатаму. Во овој момент претпочитам добро да размислам и да го излечам раните. За Атлетико е неверојатно што изигра две финалиња во три години, но јас сум многу разочаран, рече Симено.

Тој зијави дека неговиот план е да размисли за иднината и додадек дека нема ништо конкретно.

-Логично е да се размислува што понатаму по еден пораз како овој вечерва. Горд сум на моите фудбалери, ги сакам премногу, само им велев да не плачат. Фудбалот е игра на судбина, а судбината посака ние да не ја освоиме Лигата на шампионите, изјави Симеоне.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.