Поддршката однадвор многу ни значи, истакна кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова на митингот во Кратово.
-Како што знаете, претседателот на Европската Народна Партија, господинот Жозеф Дол застанува зад нас, тоа го вети во Брисел. Пред него тоа го стори господинот Себастијан Курц, навистина е тоа европски силен ветар во нашите едра, реформски, во нашите опозицски едра, во нашите изборни едра, она што доаѓа на 21 април и на 5 мај, истакна Силјановска пред кратовчани.
Инаку, Дол, денеска даде јавна поддршка за кандидатот за претседател Силјановска Давкова.
-Посакувам Силјановска да има силен резултат во првиот круг од претседателските избори. Силјановска е вистинскиот кандидат за зајакнување на економијата, независно судство и борба против корупцијата, предуслов за продолжување по евроатланската патека. Изборите треба да бидат слободни и фер, порача тој.