Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова излезе со реакција за јавно искажаниот сомнеж од страна на кандидатот Стево Пендаровски дека е следен и фотографиран од страна на странски тајни служби.
-Вознемирена сум од сомнежот на противкандидатот за претседател на Македонија, Пендаровски, дека е следен од безбедносните служби на некоја странска држава. Се прашувам, ако некој што речиси одраснал во безбедносните служби, ако некој кој бил национален советник за безбедност дури на двајца претседатели, се чувствува небезбеден, што да очекуваме ние, останатите противкандидати?-праша таа.
Силјановска Давкова како што посочи, го охрабрува Пендаровски да го пријави случајот.
-Сомнеж за следење во земја која штотуку не влегла во НАТО и очекува датум за преговори со ЕУ, е нешто што сите треба да нè загрижи, порача таа.