Maкедонската ракометна репрезентација синоќа во спортската сала “Борис Трајковски” ја дочека селекцијата на Исланд.
После победата во последна секунда во Рејкјавик, нашите момци одиграа нерешено дома и го задржаа првото место во квалификациската група.
После натпреварот на Фејсбук со пофалби за рекометарите се јави и кандидатката за Претседател на државата, Прфесорката Гордана Силјановска Давкова.
“Браво момци!Го оставивте срцето на терен. Бод вреден како победа. Горда сум на вас како што е горда цела Македонија. Вака се сака нашата татковина. Одиме кон ново Европско првенство!”, напиша Силјановска Давкова.