Силјановска-Давкова: Победата на претседателските избори ќе води кон предвремени парламентарни избори

Кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ рече дека граѓаните треба да излезат на гласање на претседателските избори.

-Да го бојкотирав референдумот затоа што не можев да легитимитирам нешто што беше донесено во процедура надвор од Уставот и од меѓународното право, истакна Силјановска Давкова.

Таа посочи дека на овие претседателски избори треба граѓаните да излезат да гласаат бидејќи победата на овие избори ќе значи делигитимитирање на сегашната власта и тоа нужно ќе води кон предвремени парламентарни извори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.