Силјановска: Власта ги злоупотpeби ЕУ и НАТО во најбеcpaмното прашање за промена на името на државата

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова на митингот во Ѓорче Петров, истакна дека власта ги злоупотреби Европската Унија и НАТО во најбесрамното референдумско прашање за промена на името на државата, пренесува Курир.

Таа посочи дека причината поради која анкетите покажуваат намалена приврзаност кон ЕУ и НАТО, не е зошто граѓаните не се идентификуваат со овие две организации, туку затоа што власта ги злоупотреби, во едно вакво важно прашање и не им даде можност да бираат.

– Нашиот Устав за членството во Европската Унија кога ќе дојде време при крајот на преговорите предвидува задолжителен референдум, додека за НАТО не предвидува референдум,ама тие ги ставија наместо да не прашаат дали сте за промена на името, го закамуфлираа прашањето зошто мислеа дека под плаштот на ЕУ и НАТО ние ќе го заборавиме или ќе го жртвуваме името. Но, погрешија, истакна Силјановска.

Таа посочи дека власта немаше храброст цврсто да застане и да ги праша граѓаните дали се за промена на уставното име на државата и токму поради тој страв го искористи членството во ЕУ и НАТО, а со тоа го жртвуваа името на Република Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.