Сеќавање на херојското дело на прилепчани – сплотеноста, храброста и истрајноста пред две години го спасија древното светилиште Трескавец (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Поминаa две години од страшните пожари кои го зафатија регионот на Прилеп и прилепско, пожари кои нанесоа големи штети, пеплосувајќи големи површини со шума, но и викендици и земјоделски површини.

Од повеќето пожари кои беснееа во околината на Прилеп, најстрашен се чини беше оној во близина на манастирот Трескавец, древното светилиште кое е од огромна важност за целата земја.

Пожарот во неколку наврати опасно се закануваше да го проголта и целиот манастир, но храброста, истрајноста и сплотеноста на голем број доброволци, како и дежурствата цели 24 часа во денот, го спасија манастирот кој според некои извори датира од 14 век.

Прилепчани бестрашно се спротиставија на високите огнени јазици кои голтаа се пред себе.

Секако тука беше и прилепската противпожарна бригада, како и целосната помош и поддршка од тогашната локална самоуправа предводена од градоначалникот Марјан Ристески.

Огнот ден стивнуваше, ден се распламтуваше… Жариштето не мируваше и постојано се јавуваа нови опасности.

За среќа кој средината на месец август 2017 година, пожарот беше ставен под контрола, а прилепчани успеаа да го заштитат манастирот од огнот, кој во неколку наврати дојде до самите ѕидини и порти.

Решителноста да се заштити нешто вредно, нешто историско, да се заштити една од првите лулки на христијанството во Македонија, овозможи и оваа година, на денешниот голем празник, илјадници верници да го посетат Трескавец.

Пожртвуваноста на прилепчани кон својот највреден Божји дом е за секоја пофалба!!!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.