Сеќавање – 12 години без Царот на народните приказни Ѓорѓи Колозов

kolozov-car

Актерот Ѓорѓи Колозов живееше само 55 години, а остави наследство за многу наредни генерации. Актерот кој ќе остане запаметен по своите улоги на цар, селанец и Господ се уште живее во срцата на сите што растеа со Македонските народни приказни.

Од 1984 година, па 2003 година, кога почина, Колозов има снимено 300 епизоди Македонски народни приказни. Заедно со неговата сопруга Шенка Колозова оставија огромен печат, а дел од неговите цитати никогаш нема да биде заборавени.

Еве неколку од нив:

Чунки со рушвет царштина не се крепи бе!
Од приказната Двајцата Браќа на правдина в зандана

Овој лаф пари ти чини, злато !
Од приказната Снаа и Свекрва

Чај не пиел мрсен му бил!
Свеќа да не палиш,бележана ми е,и дрвата ми се броени!
Од приказната двајца Каскатии

Пиј си кааве, пиј си тутун, азното само ќе ти дојди!
Од приказната Сиромавиот што се стори цар

Ти ова го направи оти си будала или оту си многу умна ?
Од приказната Магарешка Кожа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.