Скопјанецот Фериз Шабани си го добил назад паричникот полн со пари, кој го изгубил во автобус на ЈСП „Скопје“.
Паричникот го нашол возачот Мирослав Деспотовиќ, кој веднаш го пријавил во внатрешната контрола на јавното претпријатие – пишува “Независен”.
Сопственикот Шабани бил веднаш контактиран, а парите и документите си ги добил назад уште истиот ден.
„Пресреќен сум, плачев од радост. Во паричникот ми беше целата плата, имав 10.000 денари и 200 евра. Да не зборувам дека внатре беа мојата и личната карта на мојата сопруга и сите други документи. Не знам како ќе преживеев без парите, до следната плата. Премногу сум благодарен што сè уште постојат чесни луѓе“, вели Шабани.
Целата сторија прочитајте ја ТУКА