Пожарот кој започна на ден 01.09.2019 година на потегот на с. Подвис кон с. Годивле, општина Крушево е сеуште активен. Гори ниска дабова шума, сува трева и стрниште, информираат од Центарот за управување со кризи.
Зафатена е површина од околу 100 хектари. Во текот на вчерашниот ден во негово гаснење интервенирале работници од ШС Липа од Крушево, и пожарникари од ТППЕ Кривогаштани и од ТППЕ Крушево. Со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.