Владата на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја извршила петта нуклеарна проба, јавија локалните медиуми.
Според нашите анализи, Северна Кореја извршила проба со нуклеарна бомба со моќност на експлозијата од околу 10 килотони, изјави претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана.
Тоа е најмоќната нуклеарна проба извршена од Пјонгјанг досега.
Властите во Северна Кореја потврдија дека е извршена нуклеарна проба.
Пјонгјанг ја оквалификува пробата како успешна и изрази уверување дека нивните сили се способни да монтираат јадрени боеви глави на балистички ракети. Во соопштение објавено на државните медиуми се вели дека нуклеарната проба е извршена за да се спротистави на „непријателствата на САД“.
Државната телевизија нагласи дека при нуклеарната проба нема регистрирана радијација и нема последици за животната средина.