Заврши настапот на репрезентативките Теа и Теона Настоски на Европскиот Куп во Ѓeр Унгарија.
И двете натпреварувачки настапија во категоријата до 44 кг., при што Теа Настоска остана без пласман, а Теона Настоска го освои 7-то место во силна конкуренција.
Теона Настоска во четвтрфиналната борба доминираше со противничката од Романија и до пред крајот на борбата водеше во поени, но истата заврши со загуба на поен ипон и не успеа да се пласира во полуфиналето.
Потоа во репесажната борба за влез за борба за 3-то место, влезе со полесна повреда во вратниот дел, а демотивационо делуваше и загубата од претходната борба, така што ја изгуби шансата за медал на вакво престижно натпреварување.
Сепак стручниот тим кој ги предводеше двете натпреварувачки, селекторот Дејан Мицкоски и тренерот Мики Чадамов се задоволни од настапот, со оглед на фактот дека и двете дебитираа на натпреварување од ваков ранг, каде пресудно беше и искуството на натпреварувања од овој тип.