Сестрата на Огнен на Фејсбук: “Уште пред за започне Макфест се знаеа наградите, мизерија од фестивал”

Синоќа во Домот на културата “Ацо Шопов” во Штип се одржа 34-то издание на фестивалот “Макфест”.

На финалната вечер прва награда освои Мартинијан Кириловски со песната “Сто пати на ден”, втората награда отиде за Александар Митевски и Драган Спасов-Дац за песната “Уште ми фалиш”, а третата награда ја освоија гостите од Србија – музичката група “Фрајле”, за песната “Не и’ признавај”.

На фестивалот настапуваше и младиот изведувач Огнен Здравковски кој се претстави со песната “Светот нека застaне”, но не освои ниту една награда.

После фестивалот на Фејсбук со јавен статус се јави сестрата на Огнен која напиша:

“Макфест?!? Мизерија од фестивал е станато!! Ако платиш ќе си земеш награда… Уште пред да почне фестивалот се знаеа наградите 😉 Присутна бев таму и со свои очи видов како се даваат плик од карти на изведувач за да се стават гласовите од публиката… еее моја Македонска музичка естрадо!”, напиша Оле на својот Фејсбук профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.