Пожарникарите, полицајците и ветеринарите се здружија како би спасиле црвена верверица која се заглавила во шахта во Дортмунд, на западот од Германија.
Од пожарната станица на Дортмунд соопштија дека одговориле на повикот на кој биле известени дека верверицата била во опасност, пренесува АП.
Squirrel has to be rescued after getting its head caught in a manhole cover in Germany https://t.co/BTc3zfJp0t
— Daily Mail Online (@MailOnline) June 21, 2019
Првите обиди да се спаси верверицата биле неуспешни, па заедно со металниот поклопувач верверицата е однесена во ветеринарната клиника, а полицијата била повикана да ја чува отворената шахта.
Ветеринарите употребиле анестезија како би ја смириле верверицата, а потоа ја ослободиле.