Младите фудбалски надежи се пласираа на Европското првенство во фудбал во Полска. Нашите репрезентативци направија вистинска сензација, квалификациската рунда ја завршија со 21 освоен бод, а зад себе ги оставија фаворизираните Французи и Исланѓани.
Во последното коло, младите момчиња на Македонија ја оправдаа фаворитската улога и ја совладаа Шкотска со 2:0, а ги послужи и резултатот во Исланд, кој на домашен терен загуби од Украина со 2:4.
Македонија е на европско, а младите херои до 21 година го направија најголемиот резултат за македонскиот фудбал.
СЕКОЈА ЧЕСТ МОМЦИ! ВИЕ СТЕ ХЕРОИ!