Семинар за директори организиран од БРО и Erazmus + Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност

12801252_561093530732282_1856842493073644106_n (1)

Во организација на Бирото за развој на образованието според Националната стратегија на МОН за образованието, во Маврово се одржа Семинар за директори и стручни соработници. На средбата директорката на БРО г-ѓа Весна Хорватовиќ, укажа на тоа согласно барањата за професионален развој на наставниците, по хрватскиот модел на образование за унапредување на наставниците – истите ќе можат да се унапредуваат во звања наставник ментор и наставник советник. Исто така се истакна дека се работи на тоа да се утврди дали секое училиште ќе може да аплицира преку комисијата на училиштето и училиштниот одбор до БРО, за онолкав број на наставници колку што има, за да истите се унапредат ако сакаат, или пак ќе се работи на практикување на пропорционалниот модел за секое училиште. Во тек се идни анкетирања на наставници и стручни соработници за да се изработи точно Стратегијата за унапредување на наставници во звања согласно нивниот професионален развој.

mavrovo 1

Исто така, беше укажано на тоа дека од 2017 год. наставниците приправници ќе посетуваат академија за приправници, според посебно изготвена програма.

Во вториот ден од обуката г-н Дарко Димитров – директор на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност имаше свое излагање, каде што беа презентирани можностите за аплицирање на наставниците од Македонија, да посетат свои колеги од Европските земји, за одреден период и да стекнат нови, но и да разменат искуства.

Двете предавања опфаќаат актуелни прашања за да се направи разлика во квалитетот на работата на наставниците и стручните соработници, но и истите да се поттикнат да се унапредуваат и тековно професионално да се усовршуваат.

На обуката од Прилеп беа присутни раководителите кои се запознаа со идните активности на О.О.У Блаже Конески, О.О.У Климент Охридкси, О.О.У Кочо Рацин, О.О.У Страшо Пинџур – с. Мало Коњари, како и од О.О.У Круме Волнароски- с.Тополчани.

12801118_561092250732410_509338501424310525_n

Следи дисеминација на обуката врз наставниот кадар во училиштата, за да наставниците и стручните соработници поблиску се запознаат со она што ќе следи по однос на професионалниот развој и унпаредувањето во звања на наставниците.

12805775_561093624065606_1116410958939628634_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.