Семејството на Шумахер подготвува тужба за списанието кое објави лажно интервју со возачот

Семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, планира да поднесе тужба против германското списание кое објави лажно интервју во кое одговорите ги добиле со помош на вештачката интелигенција.

На 29 декември 2013 година, Шумахер имаше несреќа на скијање во Франција и се здоби со тешки повреди на главата, по што со месеци беше во индуцирана кома, од која се разбуди во јуни 2014 година.

Официјалните информации за неговото здравје се недостапни, па ова интервју ги налути неговите многубројни фанови и љубители на спортот, а тој се нема појавено во јавноста по несреќата.

Списанието „Die Aktuelle“ во својот најнов број на насловната страница објави фотографија од Шумахер со наслов „Михаел Шумахер, прво интервју“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.