Мало населено место покрај Смедерево веќе два века го носи името Удовице. Во ова место има во просек 130 вдовици на 2.000 жители.
Иако ова место треба да биде препознатливо по овоштарството и сточарството, тоа и понатаму е автентично по една работа – бројот на вдовици. Постојат неколку теории за ова место.
Според едно предание, овде постоело селото Подгорица каде деспотот Вук погубил 60-70 селани за да ги казни бидеќи го криеле Бегот Али. Во тоа време многу жени останале вдовици и селото го добило името Удовице.
Постарите луѓе велат дека територијата на денешно Удовице не се простира на онаа која се наоѓало селото Подгорица, туку на територијата измеѓу Подгорица и поранешниот манастир Кокора. Денес сеуште се гледаат темели од манастирот и траги од гробовите кои се наоѓале покрај него.
Удовице се споменува и во арачките листи во првите години од 19 век .
Во тој период во селото живееле млади доселеници. Иако од тогаш има поминато многу време, ова село сеуште го прати истата карма.