Села отфрла заеднички листи со СДСМ: Нема да коалицирам со луѓе кои ми забија нож во грб!

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „360 Степени“е песимист дека во Парламентот може да се постигне договор за уставни измени.

Во меѓувреме, тој го отфрли предлогот за заеднички листи со СДСМ.

-Не можете да барате од нас да влеземе во коалиција со луѓе кои ни забија нож во грбот и тоа пред само 5-6 месеци. Сега барате јас да одам во предизборна коалиција со Зоран Заев. Ве молам. Ова не е лично прашање, рече Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.