Музичкото дуо ДНК се меѓу првите естрадни уметници кои изразија желба за донирање и повикаа сите нивни колеги и хумани граѓани да се вклучат во акцијата за возобновување на белите дробови на Велес.
“Драги луѓе
Со оглед на вчерашната природна катастрофа, пожарот кој ги затекна велешани и им приреди огромен стрес, а воедно и им исече голем дел од “БЕЛИТЕ ДРОБОВИ” на градот, ние како ДНК ( Панчо, Андреј, Лазар ) сакаме да донираме скромни 6.000денари (не сме Леонардо ДиКаприо толку ни дозволува буџетот) за обновување и пошумување на изгоренот предел. Воедно, сакаме да ги поттикнеме сите наши колеги и совесни сограѓани за помош. Како нација секогаш сме први да помагаме на другите соседи и држави (БРАВО така треба), но некако нашето најмалце си го цениме и чуваме. Затоа јавно ги повикуваме сите добри луѓе, да донираат на било каков начин да им се помогне на велешани и да им се вратат ”БЕЛИТЕ ДРОБОВИ” и да се избегнат други лоши консеквенци, кои не дај боже удираат по нивното здравје. Го повикувам градоначалникот на Општина Велес, во најбрз можен рок да отворат сметки и броеви за донации и јавно и транспарентно да се следат донираните средства кои ќе одат за пошумување на уништената површина. Велес има право на чист и здрав воздух!”, напишаа од ДНК на Фејсбук.