Секоја чест! Кандидат за советник ќе го донира секој месечен хонорар од општината ако седне во идниот Совет

Интересна изборна битка се води за Советот во општина Битола, каде покрај политичките партии, традиционално има повеќе независни советнички листи со кандидатски листи.

Една од нив е независната советничка листа на “ГРаѓанската ИНицијатива ГРИН”, oд каде нудат луѓе од различни профили кои треба да му пркосат на партиите во идниот состав на Советот.

Oд граѓанската иницијатива вчера информираа дека нивниот кандидат за советник Александар Талевски – Крт, кој доаѓа од бизнис секторот, доколку стане член на новиот совет во Општина Битола, месечниот паушал кој би го добивал од Општина Битола транспарентно секој месец ќе го ДОНИРА на одредени категории на луѓе или институции каде што е неопходен.

Еден убав потег кој наиде на голем број позитивни реакции и пофалби од граѓаните.

Инаку и во Советот на општина Прилеп доскоро имаше примери, каде советници од ВМРО-ДПМНЕ ги донираа своите месечни хонорари. Прилепчани никогаш нема да го заборават хуманиот потег на Д-р Кире Јоноски и стопанственикот Диме Бозоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.