Секоја чест: Две битолски здруженија организираат заедничка xyманитapна акциja за Велигден и Рамазан Бајрам

Заедничка хуманитарна акција на Здруженијата ,,Agum Suverenist” и ,,Мустафа Кемал Ататурк” од Битола во пресрет на Велигден и Рамазан Бајрам.

“Почитувани пријатели, за прв пат во нашата земја, две здруженија организираат заедничка хуманитарна акција во чест на двата големи верски празника-Велигден и Бајрам.

Велигденски празници се наближуваат, Здружението ,,Agum Suverenist” се залага да помогне на самохрани родители, деца со посебни потреби и социјално загрозени семејства.

Ве покануваме да бидете дел од акцијата, преку донирање на храна, средства за лична хигиена или пак со помош во финансиски средства кои можете да ги донирате на нашите сметки: 500000001362004 Стопанска банка АД Битола или на девизна сметка IbanMK07500722000009623 Swift bic STBBMK22. Информации за оваа акција можете да добиете на 076 638 633

Македонско-Турското здружение ,,Мустафа Кемал Ататурк” Битола, во пресрет на верскиот празник Рамазан Бајрам, исто така организира хуманитарна акција со која ќе обезбеди храна за семејства со социјален ризик. Акцијата е во рамките на одбележувањето на 15 годишнината од формирањеро на здружението.

Сите заинтересирани донатори нека не контактираат на: 071 251 352, а нашата жиро сметка во Стопанска Банка-Битола е 5 00 00 00 00 54 22 57

Нашите две здруженија Ви посакуваат среќни Велигденски и Бајрамски празнувања”, стои во соопштението на двете здруженија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.