Наскоро ги очекуваме сите вљубеници на скијањето, во Михајлово, за заедно да го прославиме почетокот на оваа зимска сезона – напиша на ФБ градоначалникот на општина Кривогаштани, Митко Јанчев.
-Имено, веќе се во завршна фаза активностите за изградба на скијачкиот центар во Михајлово! Деновиве следува монтажа на геоплатно и церада за акумулација на вода за вештачки снег со капацитет од 3200 м3 – стои во објавата.
Инаку, овој скијачки центар ќе располага со:
❄️Ски лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на 1 час
❄️Скијачки појас со капацитет од 800 лица
❄️Четири сезонски вртелешки
❄️Мобилна пумпа
❄️Црево со висок притисок 5 броја по 20 метри мах 20 бар
❄️Филтри 4 броја
❄️Хидрант 4 броја
❄️Снежни топови 2 броја
❄️Заштитна мрежа 20 броја
Комплетната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија, која се очекува доколку дозволат временските услови да се монтира на крајот на овој месец. Инвестицијата вредна околу 240 илјади евра е донација, дел од Кожувчанка, дел од Комерцијална банка, додека градежните активности се донација од општествено одговорната компанија ЈА-МИ во висина од 50.000 евра.