СЕКОЈА ЧЕСТ: Во даночниот оддел донел пет колички полни со монети од по еден цент, за да го плати својот данок (ВИДЕО)

Ник Стафорд од градот Лебанон во американската сојузна држава Вирџинија, во даночниот оддел за транспорт донел пет колички полни со монети од по еден цент, за да го плати својот данок, пишува „Бристол Хералд Курир“.

133526615-98738

Стафорд долго време не можел да сфати каков данок треба да плати за своите нови автомобили. Даночниците не му ги доставиле телефонските броеви на стручните служби, со што, како што смета Стафорд, бил нарушен федералниот закон за слободно информирање.

Незадоволниот граѓанин се обратил и до Судот, но и покрај тоа, тој телефонските броеви ги добил по прекинот на разгледувањето на постапката. Тогаш тој решил да им се „одмазди“ на бирократите.

Имено, Стафорд од банката подигнал 300.000 монети од по еден цент, точно колку што требало, за да го плати данокот. Законот тоа го дозволува, а надлежните не смеат да не го прифатат тој начин на плаќање.

На вработените од Даночниот оддел им биле потребни седум часа за да ги пребројат монетите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.