На 18.03.2016г. (петок) во Прилеп се одржа Државното првенство во карате за основни и средни училишта, во машка и женска конкуренција.
За прв пат оваа година, за средни училишта, во натпреварувачкиот дел се воведоа и борби.
На првенството учествуваа 300 натпреварувачи, како и Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп учествуваше со 9 натпреварувачи во машка и женска конкуренција, во кати и борби.
Гимназијата „Мирче Ацев“- Прилеп на ова натпреварување освои 7 места во машка и женска конкуренција во различни категории и со тоа по петти пат стана најтрофејно средно училиште во Македонија.
Учесници од Гимназија и освоени места се:
- Димоска Мишела – I место – кати,
- Димоска Маријана – II место – кати,
- Ристески Дамјан – III место – кати,
- Тодороски Огнен – III место – кати,
- Димеска Лина – III место – кати,
- Талеска Матеја – II место – кати,
- Гокчев Андреј – II место – борби,
Одговорен (ментор) на гимназискаta карате екипа е професорот по спорт Орде Цветаноски.
Што се однесува до натпреварите во карате во нашава држава, ученичките од гимназијата “Мирче Ацев”, Маријана и Мишела се најтрофејни во овој спорт веќе подолго време.
Еве ги нивните маѓународни успеси последниве две години:
2016 – Балканско првенство за сениори (во Турција) – освоено I место – ката тим
2016 – Европско првенство за јуниори (во Кипар) – освоено III место – ката тим
2015 – Светско првенство за јуниори (во Индонезија) – освоено II место – ката тим
2015 – Балканско првенствално за јуниори (во Хрватска)– освоено I место – ката тим
Маријана Димовска, индивидуално, освоено I место
Мишела Димовска, индивидуално, освоено II место