Седум медали во еден ден за гимназијалците од “Мирче Ацев”- Прилеп

natprevaruvaci-po-hemija

На 23.04.2016г. во просториите на СУГС „Јосип Броз Тито“ се одржа педесет и вториот државен натпревар на „Млади истражувачи“ организиран од Народна техника на Македонија.

Учениците од СОУ “Мирче Ацев” – Прилеп, секоја година учествуваат на натпреварите и секогаш освојуваат повеќе награди.

И оваа година продолжи ваквата традиција.

pobednicite

Гимназијалците натпреварувачи во различни области од науката и техниката, во конкуренција на ученици од средните училишта од цела Македонија, од натпреварот се вратија со седум медали и тоа:

I место – Маја Атанасоска (во областа Веб дизајн). Ментор: проф.Анета Стојческа

I место – Елена Спиркоска (во областа Примена на софтвер). Ментор: проф.Анета Стојческа

I место – Филип Србиноски (во областа Еколошка хемија). Ментор: проф.Блаже Димески

II место – Теодора Тасеска (во областа Органска хемија). Ментор: проф.Блаже Димески

II место – Ивана Дукоска (во областа Аналитичка хемија). Ментор: проф. Христина Манческа

II место – Искра Белческа (во областа Неорганска хемија). Ментор: проф. Христина Манческа

II место – Симона Димоска (во областа Енергетска ефикасност). Ментор: проф. Кирил Јосифоски

site-mladi-istrazuvaci-i-mentori




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.