Startup компанијата за транфер на пари “TransferWise” лансира нов chatbot кој овозможува испраќање на пари со помош на “Facebook Messenger”.
Facebook пред неколку месеци преку својата Messenger апликација овозможи испраќање на пари во САД, а сега оваа опција е достапна и на граѓаните на ЕУ, Велика Британија, Австралија и Канада.
Оваа опција овозможува избегнување на скапи провизии кога се префрлаат пари на сметките надвор од земјата.
“Нашата цел е да се овозможи брз, поефтин и поприкладен начин на парични трансакции ширум светот”, вели водителот на глобалните партнерства во TransferWise, Скот Милер.
Ф.Г.