Хрватската пејачка била запрена вчера околу 21 часот во близина на трговскиот центар “Oков” на улицата Партизанска авијација во Белград.
Полицијата го запрела автомобилот со марка BMW, со загребски таблици, а при проверката било утврдено дека Северина нема дозвола за движење за време на полициски час, па била приведена во станица.
Таа била упатена кон судија за прекршоци.