Се јавија од кабинетот на Џафери за снимката: Кабает е тој што не го исклучил тонот и не ја прекинал снимката

Претседателот на Собранието Талат Џафери нема да дава никаква изјава денеска за новинарите во врска со вчерашниот инцидент, велат од кабинетот на спикерот во изјава за „Слободен печат“.

Ваквиот став следи откако во јавноста се појави снимка од пленарна седница на која се слуша како претседателот на Законодавниот дом, Талат Џафери, со вулгарности и висок тон им се обраќа на собраниските службеници.

Според објаснувањето од кабинетот на Џафери, одговорноста е на тие што не го исклучиле тонот и не ја прекинале снимката. Оттаму не сакаа да коментираат дали Џафери ќе понесе некаква одговорност.

Снимката која се појави на социјалните мрежи е извадок од преносот на седницата на Собранискиот канал на МРТВ, а според коментарите на објавите, таа е направена по завршувањето на седницата. Собранискиот спикер веројатно не знаел дека микрофоните и натаму се вклучени и дека преносот сѐ уште трае.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.