Општина Кривогаштани ја информира јавноста дека Подружница „Прилепско Поле“ – Прилеп интензивно спроведува активности за чистење и санација на одводниот канал „Блато“ во реонот на населеното место Боротино.
Денес градоначалникот Игор Каравилоски, заедно со директорот на Подружницата „Прилепско Поле“, г. Зоран Тодороски, и државниот инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, г. Јован Аврамоски, извршија теренски увид на работите на лице место.
Со оваа активност се обезбедува подобрен проток на водата, превенција од поплави и зголемена безбедност на земјоделските површини и локалната инфраструктура.
Работните активности ќе продолжат и во наредните денови, сè до целосно расчистување на каналската мрежа во Боротино.
Општина Кривогаштани изразува благодарност за посветената соработка и навремената поддршка од сите вклучени институции.



























