Се чисти и уредува коритото на градска река во Прилеп

_MG_1847

Локалната самоуправа врши чистење на речното корито на градската река во централното градско подрачје на потегот од мостот „Димо Нареднико“ па се до излезот на градот.

„Со чистење на коритото на градската река ќе се намали и донесувањето на поголеми количини на талог и на земја од долниот дел на реката кои можат да направат проблеми во градската река“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

„Во моментот се чистат повеќе од 20 метри кубни нанос на речното корито во централното градско подрачје со што ќе се овозможи поголем проток на речното корито, ослободување на атмосверските канали кои се лоцирани на улицата „Димо Нареднико“, кракот на ул. „Алекснадар Македонски“ и колективните згради, кои со децении биле затрупани и правеа проблем, посочи Илија Карески раководител на Секторот за урбанизам.

_MG_1905 _MG_1853 _MG_1856 _MG_1859

Со ваквите заложби Општина Прилеп ќе го реши деценискиот проблем во градот Прилеп и со реализација на наредните фази, се очекува да бидат исчистени 300 метри во должина, со што ќе се добие комплетно уредување на коритото на градската река.

_MG_1923




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.