Се чека оставка од Спасовски поради политичко- полициската местенка

spasovski-oliver

Се чека оставка од техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната прес-конференцијата на која изнесе куп невистини и се обиде да направи политичко- полициска местенка.

Исто така, Спасовски се обиде да ја заштити и криминалната структура која ја води предизборната битка на СДСМ во недостаток на политички капацитети на партијата.

Веднаш по интервјуто на Диме Спасов на ТВ Нова, во кое направи реконструкција на настанот од петокот вечерта, кој медиумите на СОРОС го извртеа и направија викенд-сензација, Спасовски излезе на прес-конференција и изјави дека има снимки на кои се гледа дека никој не го брка Спасов и не му се заканува.

Потоа рече дека има и снимки од тоа како Спасов удира во автомобилот на Албанците.

Но, на лагата ѝ се кратки нозете.

Веднаш по прес-конференцијата на Спасовски, во дневникот на ТВ Сител беше објавена ексклузивна видео снимка од безбедносни камери на кое јасно се гледа дека Спасов не само што бил бркан низ скопските улици, туку врз него била спроведена сила и закани со огнено оружје. Од истите снимки се утврди дека немало ниту судар со автомобилот на Албанците.

Спасовски и до сега се покажа како еден од најлошите министри за внатрешни работи, во краткиот мандат кој не го доби од граѓаните, туку преку политички договор.

Наместо да ја извршува својата улога на министер за внатрешни работи соодветно, тој го користи министерството и неговата структура за политички хајки.

Затоа македонска јавност бара оставка од техничкиот министер на СДСМ, бидејќи полицијата постои да го брани народот, а не да го тероризира.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.