Манастирот Св. Илија Писокал во село Кален, мариовско, се подготвува за празникот Св. Константин и Елена, за кога се очекуваат голем број верници.
За забавата ќе се погрижат група “Плетенка” и фолк пејачот Спасен Силјаноски.
Неуморните раце на иницијативниот одбор од манастирот постојано работат, а во пресрет на празникот тие дополнително го разубавија местото.
Поставено е осветлување во дворот, а направија и големо македонско знаме кое ќе ги пречекува гостите.
Во манастирот се гради и камбанаријата, а се уредува и секое ќоше наоколу.
Луѓето од иницијативниот одбор прават вистински чуда, па од ова светилиште направија пријатно место за одмор, молитва и уживање во живописната природа.