Започна уредувањето на дворот на едно од најстарите училишта во градот, подрачното училиште „Кочо Рацин“ во населбата „Рид“. Градежните работи се во тек . Партерното уредување и други содржини ќе бидат готови на есен, пред почетокот на новата учебна година 2016/2017, каде учениците ќе учат во училиште со уреден двор.
„Оваа инвестиција е вредна 1.400 000 денари, средства обезбедени од локалната власт, наменети за подобрување на квалитетот во образованието на ова најстаро училиште во градот. Но, не само тука туку, планирано е во текот на летниот распуст да се реновираат и обновуваат и останатите училишта, и основните и средните, според нивните потреби и предвидени планови, се со цел подобрување на условите за работа како на учениците, така и на наставниците. Досега локалната самоуправа има инвестирано над 10 милиони евра за разни реконструкции на објектите во образованието, во кое вклучено е и изградба на нови спортски сали“- истакна градоначалникот на Прилеп, при разгледувањето на градежните активности за уредување на дворното место на подрчното ООУ „Кочо Рацин„ во населбата „Рид”.
Подрачното училиште „Кочо Рацин„ е едно од најстарите училишта во Прилеп, изградено во далечната 1924. година.