Измените во Законот за заштита на децата предвидуваат укинување на додатокот за трето дете воведено во 2009 година од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Предлог законот веќе е објавен на страната на Националниот електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Следува негово разгледување на владина седница, по што треба да се даде на усвојување во Собранието.
Наместо додатокот, со законските измени се предвидува еднократна помош за секое родено дете. За прво дете висината на еднократната парична помош предвидено е да изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари“, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Според досегашниот закон, мајката добиваше 8.048 денари додаток за трето дете во период од 10 години.
Со оваа мерка до сега секоја родилка за трето новороденче во период од 10 години добиваше финансиски надоместок од околу 960.000 денари, а со новиот закон ќе зима еднократна помош од само 60.000 денари со што државата сака да „заштеди“ по 900.000 денари односно околу 15 илјади евра од секоја родилка.
Извор: kurir.mk