“Се спрема голема МАРИОВСКА БУНА против влаcта?”

Повеќе години со ред патот Прилеп – Витолиште кој е единствениот пат за областа Мариово во Општиина Прилеп се наоѓа во катастрофална состојба, а слична е состојбата и на скоро сите патни правци во Мариово кои водат до другите населени места во оваа област.

Поради тоа Маровци закажуваат предупредувачки протест кој ќе се одржи во вторник на 05.11.2019 од 08 до 19 часот кај надвозникот кај с. Ново Лагово, а потоа протестот во 10.30 часот продолжува пред зградата на Општина Прилеп.

„Надлежните институции до денес не направиле ниту обичен увид и не преземаат ништо и покрај големиот број писмени и усмени обраќања и повици од страна на жителите на Мариово и другите поединци и субјекти, кои престојуваат и работат во областа. Затоа ги повикуваме сите граѓани на Македонија од областа Мариово, како и оние кои се по потекло од овој крај и другите добронамерници да земат учество на овој протест, кој има исклучиво цел за решавање на крајно лошата состојба на областа Мариово, особено на патната инфраструктура!“, велат од Ицијативниот одбор за поттикнување на развојот на областа Мариово – Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.